Се одржа прес-конференција на која официјално беше објавен мечот помеѓу Дилиен Вајт (27-1, 18 КО) и Александар Поветкин (35-2-1, 24 КО) на 2 мај во Манчестер.
31-годишниот Јамајканец против девет години постариот Русин прв пат ќе ја брани титулата привремен шампион во тешка категорија на ВБЦ и ќе ја ризикува позиција на задолжителен предизвикувач за појасот кој моментално го држи Тајсон Фјури.
Опција за противник на Вајт беше и Енди Руиз, но тој одби, а предизвикот го прифати поранешниот шампион на ВБА и олимписки победник од Русија.