Прво соочување на Вајлдер и Бризил (ВИДЕО)

Официјално е најавена борба за титулата светски шампион во тешка категорија меѓу Дионтеј Вајлдер (40-0-1, 39 КО) и задолжителниот предизвикувач Доминик Бризил (20-1, 18 КО).

33-годишниот Вајлдер, на 18 мај во Њујорк, по деветти пат ќе ја брани титулата на ВБЦ.

Борбата во Америка нема да се емитува преку ППГ, туку ќе ја пренесува Шоутајм чемпионшип боксинг.

Вајлдер неодамна доби понуда од 100 милиони долари за три борби од стриминг сервиост ДАЗН.

Мечот Вајлдер – Бризил ќе се одржи две недели пред борбата на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО првакот Ентони Џошу и Џарел Милер, која исто така се одржува во Њујорк.

На Бризил ова ќе му биде втора борба за титулата светски шампион во тешка категорија. во првата го почувствував единствениот пораз во својата кариера. Во јуни 2016 година во Лондон го нокаутира Ентони Џошуа во 6-тата рунда.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО