Во независна Македонија првите медали ги освоија каратистите Елвир Куратновиќ – златен и Зоран Пејов – бронзен во младинска конкуренција и Ангел Георгиев – бронзен на Европското првенство во Кардиф, Велс, во 1993 година.
Дали му се допаѓало некому тоа или не, тоа се непобитни факти, затоа тие што не знаат треба да прашаат, а, пак, оние што знаат „да не се прават на Тошо“.
Ако сам не си ја цениш историјата, друг нема да те почитува и тебе.
Тоа се каратистите од Цветан Димов, Вардар и Партизан – Кочани кој на далечниот пат тргнаа со конзерви и леб и гордо се бореа и донесоа три медали и го вивнаа македонското знаме високо, а се свиреше и македнската химна, и да посака човек поубава реклама на една нова држава да се направи не може.
По се изгледа некои имаат кратка памет. Ако некому не му се верува, нека ги побара боревите на “СКОК“ – нделен спортски магазин од тоа време.
Дали во овие 50 години карате овие каратисти се од друга земја или се од Македонија? Дали тие не се вклопуваат во прославата!?
Ipon.mk/В.Д.