И убави, и секси и мајстори во боречките спортови и фитнесот на календарот на Пелистерка (ФОТО)

809
МАЛ КОМПЛЕТ КИР

„Пелистерка“ го обелодени својот календар за 2018 година, со 12 македонски спортистки. Нас не радува што еден дел од нив се од боречките спортови и фитнесот. Без разлика на тоа, сите спортистки се убави, згодни, сексапилни, а женственоста блеска.

Идејата на календарот е да се покаже дека жените можат да бидат убави, но паралелно и силни, упорни и дисциплинирани, а мотото на кампањата е „Вода за најдобри“.

На календарот се Берна Шерифовска (џудо), Дрита Ислами (атлетика), Едина Муса (кошарка), Елена Чуркоска (кајак), Ивана Јанкова (одбојка), Катерина Николовска (велосипедизам), Леана Таќи (тријатлон), Марија Божиновска (боди-билдинг), Милјана Ристиќ (маратон), Наташа Андонова (фудбал), Нина Ѓорѓевиќ (карате), Стефани Тодорова (кикбокс).

Ipon.mk