Првите брат и сестра со злато во ист ден!

Џудистката  Ута Абе прва стигна до златниот медал во категоријата до 52 кг, а потоа златото го зеде и нејзиниот брат Хифуми. Никогаш во историјата на Олимписките игри брат и сестра не ја презеле титулата во ист ден.

Членовите на Јапонскиот џудо тим , братот и сестрата Абе, 23-годишниот Хифуми и 21-годишната Ута, влегоа во историјата на  Олимпијадата денес, освојувајќи златни медали во своите категории на Игрите во Токио.

Хифуми и Ута станаа првите браќа и сестри кои станаа олимписки победници во индивидуалните спортови на истиот ден.

Ута Абе прва стигна до златниот медал во категоријата до 52 килограми совладувајќи ја Французинката Армандин Бучард во финалето со златен поен.

Во финалето до 66 килограми за мажи, Хифуми Абе  го победи Грузиецот Важа Маргвелашвили. Бронзени медали освоија Бразилецот Даниел Каргнин и Јужнокореецот Баул Ан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО