Извршниот директор на ПФЛ Питер Мареј зборуваше за плановите на организацијата за време на гостувањето кај најпознатиот ММА новинар.
Тој се осврна на многу теми и рече дека Нејт Дијаз би можел да потпише за ПФЛ по неговата последна борба во УФЦ, во септември против Хамзат Чимаев.
„Станавме глобален бренд на кој многумина веруваат. Кога првпат почнавме, таквите работи беа потешки. Ова е разбирливо, затоа што прво треба да се докажеш“, рече Питер Мареј и ја истакна желбата да го донесе Нејт Дијаз:
„Апсолутно, имаме капитал, веќе не сме само регионален играч. Сега се натпреваруваме и сакаме да останеме во игра што е можно подолго“.
Првиот човек на ПФЛ спомена и потенцијална борба меѓу Кајла Харисон и Крис Киборг.
„Љубителите на слободната борба би сакале да го гледаат тој меч. Тоа е борба која ПФЛ би сакала да ја организира. Кајла рече дека ја сака таа борба, а мислам дека сега се зависи од Крис Киборг“, изјави Питер Мареј и додаде:
„Но дали Крис воопшто ја сака таа борба? Таа треба да одлучи дали сака да дојде во ПФЛ и да се бори со Кајла, или може да се бори со друг противник. За нас таа е борец „слободен агент““.