Првата и Младинската бокс лига зема замав, втора победа на Јанески, Лама му се реваншираше на Нуришов (ФОТО)

Вчера во Скопје се одржа второто коло од Првата боксерска и Младинска лига на Македонија во организација на БК Шкупи. Како и што се очекуваше воова коло имаше повеќе борби – 13, но и поквалитетни.

Во сениорска конкуренција сите клубови имаа по една победа, а Алин Насуфи и Гоце Јнески имаа уште една пресметка во која боксерот на Аперкат и по втор пат беше подобар и сега во меѓусебниот скор е 2-0 за Јенски, додека Јасин Лама му се реваншираше на Алмир Нуришов за поразот во Штип и сега се 1-1.

За одебележување е дебитантскиот настап на Живорад Стојановски од БК 10 60 во тешка категорија од кого може да се очекуваат уште подобри настапи.

Резултати 2.коло Прва и Младинска лига

кадети

Лука Филиповиќ (Фајтер Илири) – Елес Асанов (Баргала) 0-2

Ејдин Јашар (Баргала) – Ријад Ајдини (Шкупи) 2-0

Сабит Сулејмани (Чаир) – Серген Демиров (Баргала) 0-2

јуниори

Сезар Алили (Шкендија) -Шпенд Гафури (Чаир) 0-2

Валдрин Речи (Чаир) – Кире Јанески (Аперкат) 0-2

Омер Исени (Шкупи) – Вилијам Маневски (Фајтер Илири) 2-0

Никола Бубевски (Пинк Пантер) – Асрим Етеми (Чаир) 0-2

Андреј Стојановиќ (Универзалци) – Даниел Абаз (Тернипе) 0-2

сениори

Алмир Нуришов (Чаир) – Јасин Лама (Шкупи) 0-2

Елвис Сулејманов (Тернипе) -Артан Алиу (Чаир) 0-2

Алим Насуфи (Чаир) – Гоце Јанески (Аперкат) 0-2

Синан Џеладин (Тернипе) – Живорад Стојановски (БК 10 60) 2-0

Мите Јорданов (Баргала) -Серхан Џаферовски (Ас) 2-0

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО