Прв спортски работник е позитивен на коронавирус

Љубиша Пешко, поранешен македонски и југословенски репрезентативец во борење, а потоа еден од нашите најуспешни тренери во овој спорт потврди дека е заболен од коронавирус.

Самиот Пешко на својот фејсбук профил објави дека е заразен со Ковид-19. Пешко во болнички кревет со палец кренат нагоре што наговестува дека се наоѓа во добра состојба.

Во својата кариера како борач Пешко настапуваше за Спартак Руен од Кочани и Бучим Јака од Радовиш. Во Спартак од Руен работеше и како тренер од 1996 до 1999, потоа премина во БК Вардар каде работеше до 2003. Во 2013 станува главен спонзор на овој клуб и работеше како тренер.

Додека беше активен борач беше редовен учесник на Европските и Светските првенства во категоријата до 74 килограми.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=2689992761315164&id=2139399146374531

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON