Прв медал за Абдурахим Идризи во сениорска конкуреција – бронза со златен сјај

Абдурахим Идризи (-60 кг) со сенирска конкренција го освои бронзениот медал на еден од најјаките карате турнири на Балканот, „Кроација опен 2019“ во Ријека, Хрвтаска, на кој учествуваа над 2000 каратисти, 260 клубови од 25 држави.

Каратистот на Макпетрол во првото коло се сретна со хрватот Владимир Гашпар и го доби со резултат 4-0, во второто беше подобар од натпреварувач од Камбоџа кого го совлада 5-2, во полуфинале беше сопрен од далеку поискусниот французин Бартон Ензо, кој го повлече во репасаж, а таму во борбата за бронза го совлада Италијанецот Дефалко Давид и се закити со бронзениот медал кој воедно е и прв официjален медал во сениорска конкуренција.

„Јавно му се заблагодарувам на тренерот д-р Бошко Заборски и на кондицискиот тренер Трајче Богдановски за вложениот труд, како директни „виновници“ за моите континуирани успеси“, изјави Идризи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО