Протокол за тренинг на спортисти во поединечни спортови

Владата ги донесе протоколите за тренинг во поединечните спортови, во прилогот број ги препорачува следните мерки:

  1. Организацијата на тренинзите е дозволена единствено во спортски објекти кои можат да ги задоволат техничките и сигурносни услови со можност за физичко растојание од 5м помеѓу секој спортист, односно да е обезбеден простор од 20м2 по спортист со организација на тренингот за најмногу 5 лица вклучително и еден тренер со минимален број на технички лица (најмногу две лица)
  2. Во спортскиот објект да се обезбедат сите санитарно хигиенски услови
  3. Да се воспостави евиденција за тренингот со податоци за спортистите, тренерот, асистентот и други лица потребни за тренингот заради лесно следење на контактите
  4. Тренинзите се организираат по претходно направен распоред за време на тренинзи со список на спортисти и тренери
  5. Пред почеток на тренингот се прави термален скрининг и се забранува тренинг на лице со покачена температура и истото се отстранува
  6. Во случај на потреба на здравствен работник на тренингот при близок контакт со здравственото лице мора се користат заштитни маски, ракавици и визир од страна на здравствениот работник
  7. Спортистите и тренерите доаѓаат на тренинг поединечно со свое возило и опрема и во опрема за тренинг со што се избегнува користење на соблекувалните
  8. Во текот на тренингот се препорачува растојание од 5 м помеѓу секој спортист и тренер како минимално растојание
  9. Тренингот да се обавува на отворен простор
  10. По завршување на тренингот опремата за тренинг и реквизити се дезинфицираат со средство кое е 70% на база на алкохол
  11. Тренинзите во контактните спортови се препорачува секогаш да се одвиваат по принцип „ист спортист со ист тренер“
  12. Секој спортист мора да има сопствено со име обележано шише со напитоци
  13. По завршување на тренингот спортистите и тренерот заминуваат дома поединечно без туширање и без влегување во соблекувалните почитувајќи ги мерките за физичко растојание, еден по еден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON