Пропаднаа преговорите меѓу Канело и Плант

Синоќа протекоа лоши вести за сите љубители на боксот од САД.

Според ЕСПН, преговорите меѓу таборот на Сол Алварез и Калеб Плант не довеле до посакуваниот резултат, поради што мечот е пред колапс.

Алварез, кој има три светски титули во супер средна категорија, требаше да се соочи со 29-годишниот Американец во меч за апсолутен шампион во категоријата до 76 килограми. Мечот дури беше закажан за 18 септември во Лас Вегас, но вчерашната средба помеѓу менаџерите и агентите се покажа како крајно неуспешна.

Според Мајк Копингер, разговорите завршиле во 11 часот. Според извори блиски до ситуацијата, шампионот на ИБФ побарал хонорар од 10 милиони долари, а 31-годишниот Мексиканец сакал 40 милиони долари.

Калеб План откри за ЕСПН дека тој и неговиот тим се согласиле на сите услови утврдени од Канело и неговите луѓе – клаузула за реваншот во случај Алварез да загуби; ринг со големини на барање на Мексиканецот; поголем удел во продажбата на билетите и телевизиските права.

Изворите велат дека договорот се уште може да се постигне, но времето истекува и доколку двата табори се согласат, датумот најверојатно ќе биде одложен. Доколку преговорите целосно пропаднат во оваа фаза, Русинот Дмитри Бивол е следен на листата на Канело. Бивол е шампион во полутешка категорија на ВБА и повеќе од еднаш изрази желба да се соочи со црвенокосиот Мексиканец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО