Пропадна реваншот со Вајлдер: Фјури ќе се бори против Џошуа за обединување на титулите

Пресметката за титулата на ВБЦ е откажана откако на Дионтеј Вајлдер му заврши рокот предвиден за реванш против Тајсон Фјури.

Фјури и Вајлдер требаше да се борат на крајот на годината, но сепак пропадна организацијата за мечот и тој нема да му биде следен ривал на Британецот.

Фјури сега се надева на голема британска пресметка против Ентони Џошуа, како што пишува „Дејли Мејл“. Тој е подготвен да се бори за светскиот врв, а мечот е планиран за април 2021 година на „Вембли“.

Џошуа претходно ќе мора да го совлада Кубрат Пулев на 12 декември, а потоа сите очекуваат вистински спектакл.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON