Вердум: Ако се согласи Федор за борба, повторно ќе го победам

Бразилскиот ММА борец Фабрицио Вердум е близу до договор со Белатор. Тоа може да биде завршена работа ако Скот Кокер го договори неговото враќање со легендарниот Федор Емелијаненко.

Последната борба за УФЦ Вердум ја направи со победа против Александар Густафсон.

Бразилскиот борец неодамна откри дека во моментов преговара со Белатор и чека одговор од Федор.

„Преговорите течат добро, а на Федор останува само да ја прифати борбата. Тој во едно интервју пред некој ден рече дека сака да се возврати, а бидејќи имам огромна почит спрема него, дефинитивно би му го овозможил тоа заради целата историја што ја споделуваме“, рече Вердум и додаде:

„Сè уште верувам дека Федор е најдобриот на сите времиња. Треба да се почитува човекот. Десет години правеше големи работи и ги победуваше најдобрите. Мислам дека нашата средба би била средба што сите би сакале да ја видат во Белатор.

Многумина би сакале повторно да го видат нивниот судир.

– Тоа би била супер борба, главниот меч на вечерта што добро ќе се продаде. Ако се согласи на борба, верувам дека би го натерал повторно да се предаде. Не се сомневам во тоа. Не сум арогантен, тоа е реалност, но ќе биде тешко – заклучи Фабрицио Вердум.

Бразилецот го победи Федор за 69 секунди во 2010 година, со што ја прекина десетгодишната доминација на Русинот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО