Пропадна мечот Пакијао – Хан

Пропадна дербито меѓу поранешните соиграчи Мани Пакијао и Амир Хан. Средбата требаше да се одржи напролет, а преговорите меѓу двете страни беа во напредна фаза.

Се очекуваше дуелот да се одржи во ОАЕ, а, според гласините, арапски инвеститори биле подготвени да платат 38 милиони долари за наградниот фонд.

Промоторот на Филипинецот, Боб Арум, објасни дека според него во моментов Хан не е најдобрата опција за ривал.

„Борбата со Хан не е најдобриот меч оваа година за Мани. Многу позначајни ќе бидат средбите со Теренс Крафорд или Адриен Брунар“.

https://youtu.be/GY8FPyi41Aw

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО