Промоторот на Усик посочи три локации за реваншот со Џошуа

Александар Красјук ги посочи трите места каде неговиот клиент Александар Усик и Ентони Џошуа ќе го одржат реваншот.

Украинците не се загрижени за вториот меч со Еј Џеј.

„Планираме да се сретнеме со Еди Херн во наредните недели и да разговараме за деталите од реваншот. Во нашите прелиминарни планови има три опции за локација – Велика Британија, Украина и Блискиот Исток. Се надеваме дека ќе донесеме конечна одлука до крајот на 2021 година“, изјави Красјук за Скај спорт.

„Немаме проблеми со крајниот рок за договарање на повторен меч со Фјури. Потпишавме клаузула за реванш со Џошуа и ќе ја исполниме. Тајсон се покажа како шампион, но сега треба да се брани од задолжителен предизвикувач“.

Се очекува тоа да биде Дилиен Вајт, кој со години ја чека својата шанса за појасот на ВБЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО