Промоторот на Усик: Како тоа може да биде легален удар? Даниел го удри Александар под појасот (ФОТО)

Aлександар Усик го победи Даниел Дубоа со нокаут во деветтата рунда на саботниот боксерски настан во Вроцлав и ја одбрани титулата светски шампион.

Од таборот на британскиот борец и промоторот Френк Ворен соопштија дека ќе поднесат жалба за исходот на мечот, бидејќи сметаат дека Дубоа со легален удар во петтата рунда го соборил Усик.

На шампионот му беа потребни неколку минути за да се опорави и да го продолжи мечот.

„Верувам дека ударот падна на вистинското место. Победата ми ја одзедоа со измама“, изјави по мечот Даниел Дубоа, а со истиот тон негодуваше и остатокот од неговиот тим.

Промоторот на Усик, Алекс Красјук, не сака премногу да разговара и јасно стави до знаење што мисли за ударот на Дубоа, кој се обиде да го онеспособи шампионот.

„Како може да е легален удар, па го удри Александар под појасот. Дали е тоа легално кога ќе удриш некого со колено? Не, не е. Ако удриш некого под појасот, дали е тоа легално? Не, не е. Тоа се случува постојано во боксот, но кога тоа се прави намерно, знаете што треба да направи судијата? Треба да се земат два поени“, изјави Алекс Красјук.

Промоторот смета дека ваквите намерни постапки мора веднаш да бидат санкционирани. Доколку боксерите не бидат казнети за ова, Красјук истакнува дека боксот ќе го загуби спортскиот интегритет.

„Замислете дека во тој момент Дубоа е прогласен за победник затоа што удрил некого под појасот. Дали е ова во ред? Не. Дали луѓето би го почитувале тоа? Не. Дали тоа ќе донесе некаква корист за спортот? Дефинитивно не“, истакна промоторот на Усик.

Красјук смета дека тврдењето на тренерот Дон Чарлс дека ударот бил точен е предвидливо, но не и оправдано оправдување. Секој тренер би го бранел својот борец.

Промоторот на Усик исто така навести за можен меч за обединување на титулата во тешка категорија против Тајсон Фјури.

„Борбата против Тајсон Фјури се уште не се случила само од една причина – никогаш не го добивме неговото „да“ за тој меч. Кога ќе добиеме негова согласност, ќе договориме борба. Единствен проблем може да биде доколку Фјури инсистира мечот да се одржи во Велика Британија“, нагласи Алекс Красјук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО