Го објавија првото промо видео за настанот УФЦ 309 кој ќе се одржи на 16-ти ноември во Њујорк, САД.
Во главниот настан ќе гледаме борба за титулата во тешка категорија. Легендарниот шампион Џон Џонс ја заложува титулата против уште една легенда, Стипе Миочиќ. Постои голема веројатност ова да биде последна борба во кариерите на двајцата борци. Токму поради тоа битката е настан кој не се пропушта.
Во конасловната борба во лесна категорија Чарлс Оливеира ќе се бори со Мајкл Чендлер. Нивната борба ќе биде реванш откако Оливеира го победи Чендлер со нокаут во 2021 година.
Еве како изгледа борбената карта досега, како и промото:
Џон Џонс (в) – Стипе Миочиќ
Чарлс Оливеира – Мајкл Чендлер
Крис Вајдман – Ерик Андерс
Карине Силва -. Вивиен Араухо
Никита Крилов -. Азамат Мурзаканов
Вероника Харди -. Едуардо Мура
Џонатан Мартинез – Маркус Мекги
Бо Никал – Пол Крег
Мики Гал – Рамиз Брахимај
The UFC just dropped the promo for #UFC309 featuring Jon Jones, Stipe Miocic, Charles Oliveira and Michael Chandler 🔥🔥#UFC #MMA pic.twitter.com/tiuDptEoa6
— Championship Rounds (@ChampRDS) September 15, 2024