Пролетер ја почна сезоната со едно сребро и две бронзи во Темерин (ФОТО)

На првиот контролен натпревар младите џудисти на Пролетер  се покажаа во одлично светло освојувајќи три медали, еден сребрен и два бронзени на Меѓународниот турнир во Темерин – Србија.

Теодора Димеска освои сребрен, Хелена Зографоска  и Анамарија Трајческа бронзени медали.

На Меѓународниот турнир во Темерин настапија 850 натпреварувачи од  Романија, Бугарија, Бугарија, Унгарија, Македонија и Србија.

„ Младите натпреварувачи на Пролетер беа доста борбени, храбри  и мотивирани на овај натпревар, со голема надеж дека наредните првенства сите ќе се искачат на победничкиот пиедестал. Се надеваме дека со исто темпо ќе продолжиме да правиме поголеми успеси“, вели тренерот на Пролетер Александар Димитријоски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО