Продолжува драмата во семејството Нурмагомедов: Татко му на Хабиб пак е во кома!

Состојбата на Абдулманап Нурмагомедов дополнително се влоши и повторно заврши во кома, пренесува RT.com.

Таткото и тренерот на еден од најдобрите борци во историјата на ММА, непоразениот шампион на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов (28-0), се бори за својот живот во московската болница, каде беше опериран набргу по срцевиот удар.

Иако минатата недела се разбуди од индуцирана кома и на почетокот се чинеше дека неговата состојба се подобрува, но дека и понатму е сериозна, сега RT.com пренесува дека Абдулманап повторно е во несвест и не може да дише сам.

Здравствените проблеми на 57-годишниот Абдулманап започнаа кон крајот на април кога беше хоспитализиран во Махачкала поради проблеми со белите дробови. Набргу потоа состојбата на Нурмагомедов се влоши, па специјален лет беше пренесен во Москва каде што му го оперираа срцето и сè уште се бори за неговиот живот.

Компликациите со здравјето на славниот ММА тренер беа предизвикани од коронавирусот. Ова се информации објавени од бројни медиуми, а ги потврди и самиот Хабиб во неодамнешното обраќање преку Инстаграм.

А денска нешто порано Хабиб објави оптимитички вести, но и трогателни.

„Изминатите неколку дена медиумите доста пишуваа за татко ми. Мојот татко е во болница и е во тешка состојба. Имаше компликации со срцето предизвикани од коронавирусот. Минатата година тој го оперираше срцето, а поради коронавирусот мораше да оди на нова операција. Тој е во многу, многу тешка состојба. Го молиме Алах да му се смилува, да оздрави и да ни се врати. Им благодарам на сите кои ми праќате пораки со поддршка и се распрашувате за неговата состојба. Нека Алах ни помогне на сите“, вели Хабиб во обраќањето до Дагестанците.Тој додаде дека во неговото семејство има голем број луѓе заразени со вирусот.

„Повеќе од 20 луѓе од моето семејство се заразени со вирусот. Не зборувам за луѓе кои ги познавам, туку за блиски роднини. Некои од нив беа и на Одделението за интензивна нега. Некои од луѓето кои ги познавам починаа“, вели Хабиб.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО