Продолжија подготвките на борачите на Бучим и на Балканец, на кои се повикани и двајца борачи од Вардар и еден од Чаир за Eвропскoто првенство за пионери од 27 до 30 мај во Софија и ЕП за кадети од 14 до 20 јуни во Самоков, Бугарија.
Бучим и Балканец на подготовките учествуваат со по 10 борачи. Првиот дел од подготовките од 10 до 16 мај се спроведоа во Радовиш, додека од 17 до 23 мај се во Штип.
„Во нашите два клуба има многу талентирани и добри деца, затоа се одлучивме за заеднички подготовки, за да имаме повеке партнери и да имаме ефикасни подготовки“, вели Горан Атанасов од Бучим.