Познати се противниците на македонските боксери на „Купот на Црна Гора“  

Познати се противниците на тројцата македонски боксери на Меѓународниот турнир „Куп на Црна Гора“ во Будва. 

Петар Арсовски (52 кг) утре во полуфиналете се бори со домашниот боксер Борис Сарчевиќ, додека Енес Алиу (57 кг) се среќава со претставникот на Грзуија Саба Ермеишвили. Леонард Лимај (50 кг) е директно во финалето и во сабота го чека противникот од средбата Љубосав Методиев (Бугарија) – Ибрахим Зејналов (Азербејџан).

На турнирот учествуваат боксери од 17 земји.

Покрај нашите боксери ќе настапат боксери од Украина, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Шведска, Литванија, САД, Белгија, Сиера Леоне, Грузија, Азербејџан, Палестина, Узбекистан и Црна Гора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО