Примислав Димовски е избран за претседател на Боксерската федерација на Македонија (ФОТО)

Примислав Димовски е избран за нов претседател на Боксерската федерација на Македонија (БФМ) на денешното Собрание што се одржа во Скопје.

За Димовски гласаа сите 21 делегат кои беа присутни на Собранието вкупно 35 делегати. Всушност, Димовски го продолжува мандатот на Златков. Првично беше констатирана оставката на Игор Златков, којa беше поднесена од лични, но тој останува во Управниот одбор.

Инаку на неговото работење немаше забелешки, бидејќи во негово време БФМ доби најмногу пари во историјата на овој спорт 350 илјади евра, симната е суспензијата од ЕУБЦ и е регулиран долгот спрема семејството на таргично починатиот Ѓокица Неделковски. Потоа заживеа Првата и Младинската лига на Македонија, а по подолго време наши боксери настапија на Европско првенство.

Инаку, Примослав Димовски остави голем печат во македонскиот бокс, беше петти на СП и има бринзен медал од ЕП за кадети. Примослав Димовски и неколку пати го освојувал и „Златниот гонг.

„Продолжуваме да ја реализираме програмата на досегашното раководство. Посебен акцент ќе ставиме на младите категории боксери, односно на олимписките надежи“, истакна Димовски во дел од својата програма за работа на Собранието.


Управниот одбор и другите органи и тела на БФМ остануваат во истиот состав, потпретседатели се Благој Донев и Фатон Салиху.
Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON