„Прилеп град херој -2022 – Цевитана куп” во најдобро издание, Сакура севкупен победник (ФОТО)

Вчера во Прилеп се одржа 12-тиот Меѓународен турнир во џудо „Прилеп град херој -2022 – Цевитана куп” во организација на ЏК Сеишин, на кој севкупен победник според борјот на освоени медали е ЏК Сакура од Катерини, Грција.

Најуспешни клубови по возрасни категории и добитници на пехари се:

Помлади пионери-ки: ЏК Преспа – Ресен

Помлади пионери: ЏК Бор – Србија

Пионери: ЏК Црногорац – Цетиње, ЦрнаГора

Пионерки: ЏК Сакура – Катерини, Грција

Кадети: ЏК Велико Градиште – Србија

Кадетки:ЏК Сакура – Катерини Грција

SONY DSC

На турнирот учестваа вкупно 385 натпреварувачи од 43 клубови од 7 држави: Македонија (14 клубови), Грција (11 клубови), Црна Гора (6 клубови), Србија (4 клубови), Бугарија (4 клубови), Албанија (2 клубови) и Косово ( 2 клубови).

Спортската сала беше поставена според сите протоколи за  натпревари од овој вид, а беше исполнета до последното место. Борбите се одвиваа на 4 џудо борилишта.

SONY DSC

На големо задоволство на клубот организатор, по двегодишната пауза поради ковид пандемијата, овој турнир се врати на голема врата и ќе биде запаметен како еден од најголемите спектакли кои досега се случиле во нашиот град.

Клубот ја задржа традицијата за покана и присуство на специјални гости од џудо фелата а оваа година беа присутни: Зоран Миловиќ, џудо мајстор 8- ми дан од Црна Гора; Бојан Миличевиќ, директор на маркетинг комисијата при Балканската џудо асоцијација; Владимир Трпаноски, претседател на Џудо федерацијата на Македонија, како и други гости членови на комисиите, телата и органите при Џудо федерација на Македонија.

Турнирот официјално го отвори Борче Јовчевски, градоначалник на Општина Прилеп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО