АктуелноБоксПрофесионален

„Пријателе имаш поголеми шанси да добиеш на лотарија отколку да го победиш тој тип. Нема да има светлина на крајот од тунелот“

Во главната борба на боксерскиот настан закажан за 16 август во Ријад, Мозес Итаума ќе се бори со Дилиен Вајт. Веројатно најталентираниот тешкаш на денешницата, кој има 12 професионални борби и исто толку победи (десет нокаути) зад себе, ќе се обиде да го продолжи патот кон врвот на тешката категорија над закоравениот „Боди снетчер“ кој доаѓа неколку години по својот „прајм тајм“.

Иако Вајт е сè уште големо име во тешката категорија и несомнено има моќ на удар што може да му се закани на секого, вклучително и на Итаума, Дерек Чисора е убеден дека нивниот натпревар ќе биде еднонасочна улица, што ќе оди во насока на убедлива победа за 20-годишниот Британец.

„Искрено, не мислам дека ќе има светлина на крајот од тунелот за Дилиен тука. Му пратив порака и му реков: „Слушај, не знам што правиш со прифаќањето на оваа борба, на што тој одговори: „Не ме интересира твоето мислење, не си мој пријател“. Потоа му пратив и на Мозес порака и му пишав: „Бори се со него, но не го заспивај толку брутално“ – изјави популарниот „Делбој“ за Токспорт и продолжи:

„Му посакувам се најдобро, ќе бидам таму да го поддржам, но ако оваа борба продолжи повеќе од четири рунди, тогаш ќе биде во неволја. Да бидеме искрени, боксира против 20-годишен човек кој има одлични боксерски вештини и е трениран од еден од најдобрите тренери во Велика Британија (Бен Дејвисон, н.з). Пријателе мој, имаш поголеми шанси да добиеш на лотарија отколку да го победиш Мозес Итаума“.

Борбата против младиот британски нокаутер, да ве потсетиме, претходно му беше понудена на самиот Чисора, но тој ја одби, незадоволен од финансиската понуда, проценувајќи дека за два милиони евра не вредеше да се влезе во рингот со млад и моќен „лав“ како Итаума.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON