Прием на Ѓоргиевски и Додевски во АМС по големиот успех на „Софија опен“

Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Марјан Спасески направи прием со претставниците на таеквондо репрезентацијата на Македонија, однонсо за освојувачот на зланиот медал во сениорска конкуренција на Дејан Ѓоргиевски и на Филип Додевски кој се закити со бронза во јуниорска конкуренција на Г-1 турнир „Софија опен“ изминатиот викенд во Бугарија.

Тоа е турнир од највисок ранг во олимпиското таеквондо, турнир од кој се собираат бодови за ОИ во Токио 2020 година.

Актуелниот Балкански јуниорски шампион Дејан Ѓоргиевски дебитираше како сениор и со 17 години успеа да освои златен медал, за што му бе апотребни со четири победи. Тој победи борци од светските велесили во таеквондото како Аргентина, Германија и Србија, а во финалето го победи и актуелниот медалист од Европското сениорско првенство, Хрватот Голец.

Исто така, значајно е да се спомене дека и актуелниот балкански јуниорски шампион, Филип Додевски, го освои бронзениот медал во јуниорска конкуренција.

„Резултатите на нашите натпреварувачи покажуваат и докажуваат дека таеквондото во нашата земја е во голем подем и допрва ќе очекуваме уште поголеми резултати на меѓународната спортска сцена, од страна на нашите репрезентативци. Сигурен сум дека Дејан Ѓоргиевски има сериозни шанси и можност за освојување норма за Олимпијадата во Токио. Агенцијата за млади и спорт во континуитет дава поддршка на Таеквондо федерацијата на Македонија, а годинава за меѓународната програма и за стручната работа на тренерите, само со првата распределба на средства од игрите на среќа и од редовните буџетски средства се доделени вкупно 1.080.000 денари. Дополнително, за реализација на проектот „Таеквондо за секого“ и годинава обезбедивме 50.000 денари“, истакна Спасески и порача дека АМС и понатаму ќе го помага овој спорт.

Носителите на медали се заблагодарија за поддршката која ја добиваат од Агенцијата и најавија многу напорна работа и нови победи за исполнување на целта, а тоа е обезбедување норма за следните Олимписки игри.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО