Центарот за боречки вештини “Д Стронгест & Рутс БЏЏ” ги преведе официјалните правила според Светската федерација за БЏЏ, со цел да ги запознае натпреварувачи и љубители на БЏЏ со начинот на кои се доделуваат поените, со забранетите техники, со официјалните параметри за одржување на турнир и борбите во БЏЏ.
„Сакаме да допринесеме да ја подигнеме основната БЏЏ култура во нашата држава. Познавањето на правилата е една од основните работи за да може да функционираат сите БЏЏ клубови и да овозможиме организирање на квалитетни турнири“, истакнува Ивица Алексовски од Македонската БЏЏ федерација.