Претседателот на ВБЦ објасни зошто Џошуа е пред Фјури во рангирањето: Предизвикувачот мора да биде закана за шампионот

Неодамна беше ажурирана боксерската ранг-листа, па ВБЦ објави нов редослед на тешкашите, според кој Ентони Џошуа е пред доскорешниот шампион Тајсон Фјури.

Во средината на мај на настан во Ријад непоразениот украински борец Александар Усик го победи Ромскиот крал со поделена одлука и ги обедини шампионските појаси во тешка категорија.

Претседателот на ВБЦ Маурицио Сулејман го коментираше новото рангирање на тешкашите.

„Џошуа двапати победи со нокаут во два меча. Одборот одлучи да го стави Тајсон Фјури на второто место зад Џошуа. Во овој момент немаме задолжителен предизвикувач. Бидејќи ВБЦ има апсолутно овластување да назначи задолжителен предизвикувач, тоа ќе го направиме со гласање“,  рече Маурицио Сулејман и додаде:

„Задолжителниот предизвикувач мора да биде најголемата закана за шампионот и тоа мора да се почитува. Во ВБЦ се обидуваме да ги задржиме апсолутните шампиони и не бараме предизвикувачи само за да ги најдеме. Зошто сега би бил важен задолжителниот предизвикувач кога имаме реванш меѓу Усик и Фјури“?

Усик најави дека го ослободува светскиот шампионски појас на ИБФ, па нивниот реванш на 21 декември ќе биде за титулите во ВБЦ, ВБА (Супер) и ВБО.

Кралот на Ромите на крајот на годината повторно ќе има можност да го врати ВБЦ појасот, но и да ги освои другите два.

Победникот од таа борба би можел следната година повторно да се бори со новиот шампион на ИБФ во дуел за обединување на појасите во тешка категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON