Претседателот на ИСФА Европа, Христо Илиев и Емил Казаков, претседател на судиската комисија и голем спортист, вчера ја посетија Битола која на 3 декември е домаќин на Европското првенство во но ги граплинг и ММА за аматери.
Гостите се импресионирани од Битола, вели Ристо Димитров – Чурино од Игор ММА од Битола кој е организатор на ЕП, и додава дека Илиев, кој е политичар, сака да го развива македонско-бугарското пријателство, но и изразил желба за збратимување на Битола и Враца.
„За во иднина се планираат судиски, граплинг и ММА семинари, но и други настани“, вели Ристо Димитров.
Ipon.mk/В.Д.