Претседателот на БЏЏФ Радислав Јовичиќ во мониторинг на „Скопје опен 2016“
Спортскиот директор на Балканската џиу џицу федерација, Радислав Јовичиќ, прв пристигна во Скопје за мониторинг на турнирот „Скопје опен 2016“.
Тој и претседателот на Македонската џиу џица федерација, Александар Ацевски, ќе остварат средби со директорот на Агенцијата за млади и спорт и со директорот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
„Целта на посетите на директорите на АМС и СЦ „Борис Трајковски“ е по повод поднесување нашата кандидатура за организирање на Балканско првенство во Република Македонија во 2018 година. Се надеваме на позитивен извештај“, вели претседателот на Македонската федерација, Александар Ацевски.
Покрај другото, Јовичиќ и неговиот помошник Бојан Јовиќ ги посетија новите простории на Македонската џиу џицу федерација. Јовичиќ, кој е и претседател на Џиу џицу федерацијата на Република Српска, секогаш во изминатите години давал огромна помош и поддршка на нашата Федерација, како на самиот почеток на осовањето така и денес.
Ipon.mk/В.Д.





