Претседателот на ИОК Томас Бах во посета на олимпискиот вицешампион Дејан Георгиевски во Општина Бутел (ФОТО)

Првиот чове на олимпиското движење, претседателот на Интернационалниот Олимписки Комитет ИОК, д-р Томас Бах, денес ја посети Општина Бутел каде што живее олимпискиот вицешамион во таеквондо Дејан Георгиевски.

Со над 600 учесници преку демонстрација на десетина олимписки спортови беше пречекан Томас Бах.

Низ традиционален пречек, преку фудбал, кошарка, одбојка, таеквондо, борење, карате, ракомет, беше организиран првиот олимпискиот ден во Општина Бутел.

„Општина Бутел со оваа посета добива признание за најолимписка и најспортска општина во Република Македонија!

Благодарност до Македонскиот олимписки комитет со чија помош се реализираше овој олимписки ден.

Олимписките игри се сон на секој спортист, како Општина Бутел ќе дадеме максимум што повеќе спортисти да станат олимпијци за да ја осетат најголемата магија во светот.

Ми беше особена чест да го пречекам д-р Томас Бах првиот човек на олимпизмот, морам да истакнам посебно задоволство што тој денес на посебен начин се дружеше со нашите млади спортисти“, напиша на Фејсбук градоначалникот на Општина Бутел и тренер на Георгиевски, Дарко Костовски.

Фото: МОК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО