Ванчо Настов: Ќе има вонредно Собрание на Џудо федерацијата на Македонија!

dzudo potpis pojas

Претседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Ванчо Настов, вели дека го примиле барањето на 1/3 третина од клубовите кои бараат вонредно Собрание и дека ќе постапат според Статутот, однонсо во рок од 30 дена ќе биде закажано истото.

Засега, вели Настов за Ipon.mk, не е утврден датумот, но и тоа ќе го договорат. Во однос на обвинувањата дека некои работи-комисии на феункционираат, тој истакнува дека веќе две години функционира Дан комисијата, како и тренерската, при што се и лиценцирани.

„Со помош на Македонскиот олимписки комитет Игор Паскоски беше пратен на семинар за тренери во САД, но тие искуства досега не ги споделил. Пред некое време Александар Димитријоски беше во Букурешт, Романија, така што имаме активности на тој план. По некој пат имаме и недоразбирања, пред се поради задоцнета комуникација, но тоа се решава“, нагласува претседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Ванчо Настов.

Тој вели дека тие не можат да одат против Законот за спорт, кој е јасен и гласен кој може да се бави со спорт и да има клуб.

Вчера ЏК Дрим, како еден од потписниците на барањето за вонредно Собрание, наведе повеќе причини кои се упатени до ЏФМ како причини за свикување на истото. Во барањето е нагласено големото незадоволство кај поголемиот дел од клубовите поради неправилното и пристрасно работење на ЏФМ; нетранспарентното работење на канцеларија. Потоа незадоволните клубови подолг период се залагале за формирање на тренерска комисија и Дан комисија; да се стави крај на фантомските клубови и клубови кој имаат тренери само на хартија, а никогаш не биле џудисти.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО