Претседателот на АИБА: Отвораме ново поглавје во историјата на боксот

Нова страница во историјата на боксот ќе започне со претстојното Светско првенство за мажи (24 октомври – 6 ноември) во Белград, Србија. Меѓународната боксерска асоцијација (АИБА) верува во ова во пресрет на шампионатот.

Рокот за пријавување, кој беше продолжен поради големиот интерес, веќе истече. Добиени се пријави од 105 земји, во кои ќе има вкупно 650 претставници. Меѓу нив се и макдонските боксери Горјан-Гого Славески, Јасин Лама и Арим Етеми.

„Имаме рекорден број учесници. Ова е знак дека боксот ја зголемува својата сила на глобално ниво“, рече претседателот на АИБА, Умар Кремљев.

За првпат Светското првенство ќе се одржи во 13 тежински категории и со награден фонд.

„Ние им даваме на нашите спортисти најдобра можност за успех и ќе сториме се што е во наша моќ за да обезбедиме рамнопрвна шанса за секој учесник“, додаваат од Кремљев.

Ве потсетуваме дека вкупниот награден фонд изнесува 2,6 милиони американски долари. Шампионите во секоја категорија ќе добијат по 100.000 долари. Сребрениот медал е 50.000 долари, а двајцата бронзени медалисти ќе добијат по 25.000 долари.

АИБА објави и некои од имињата на големите шампиони и медалисти на светските првенства, кои исто така се пријавиле за шампионатот во Белград.

Меѓу нив се светските шампиони од Куба – Енди Круз Гомез, Рониел Иглесијас, Арлен Лопез, Хулио ла Круз и Лазаро Алварез. Како и Јоханес Бачков (Ерменија), Лоран Алфонсо Домингез (Азербејџан), Вандерсон де Оливеира и Абнер Тешеира (Бразил), Уберген Мартинез Ривас (Колумбија), Билал Бенама и Софијан Оумиха (Франција), Нелви Тиафак (Германија) Сашин Кумар (Индија), Симоне Фиори (Италија), Реито Цуцуми (Јапонија), Сакен Бибосинов и Аибек Оралбај (Казахстан), Азат Усеналиев (Киргистан), Енхмандах Карху (Монголија), Емир Марсијал (Филипини), Бизавола Шумум (Русија), Атичаи Фоемсап (Тајланд), Цотне Рогава (Украина), Миразизбек Мирзахалилов, Хасанбој Дусматов и Шахрам Гијасов (Узбекистан).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON