И Конор Мек Грегор импресиониран од пресметката меѓу Фјури и Вајлдер

Големата УФЦ ѕвезда, Конор Мек Грегор имаше потреба да го каже својот коментар за боксерскиот спектакл одржан минатиот викенд во Лас Вегас, во кој Тајсон Фјури го нокаутира Дионтеј Вајлдер во 11-тата рунда и го одбрани појасот на ВБЦ во тешка категорија.

„Беше голема борба. И двајцата се воини и победници. Тешко е да не се импресионираш со Дионтеј. Тој се бореше со многу поголем борец и речиси победи. Тешко е кога противникот тежи 18 килограми повеќе, тоа е МНОГУ. Честитки и за двајцата, уживав во нивниот судир“, напиша славниот Ирец на Твитер.

Но, Мек Грегор не застана на еден пост, има уште што да напише, а го допре и својот противник Дастин Пориер. Дијамант го победи Ноториус во јули, а борбата беше прекината откако Конор ја скрши ногата на крајот од првата рунда.

„Нивните вештини се уникатни, но многу блиски. Одлична трилогија во тешка категорија. Сакам кога и двајцата прават настап, а не како некои што слават победа откако противникот е тешко повреден, знаете на што мислам. Бог да ги благослови вистинските и искрените на овој свет“, додаде Конор Мек Грегор.

На крајот, Конор им честиташе и со порака и до нивните семејства.

„Честитки за Тајсон и Париз. Ди и јас сме многу среќни за тебе и децата. Честитки и за Дионтеј и Тејла. Беше прекрасно што се запознав неодамна. Борбата беше одлична и секој можеше да победи. Неверојатно! Среќна недела…“, ја заврши Конор Мек Грегор својата серија пораки на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО