Меѓународна сценаММА
Претседателката на Хрватска му честиташе на Миочиќ: Имаме шампион! Браво Стипе!
Откако по победата појасот на УФЦ го посвети на цела Хрватска, Стипе Миочиќ не треба многу долго да чека неговиот голем успех да го пофали хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ.
Пожарникарот од Кливленд се горда своите хрватски корени и често истакнува дека се бори за сите Хрвати. „Лијепу нашу“ (химната) ја спомена и во интервјуто во октагонот веднаш по освојувањето на титулата, па, поради тоа редно беше претседателката да му оддаде признание.
„Кливленд, имаме шампион! Хрватска имаме шампион“! Браво Стипе! Така се поврзува татковинската и иселенената Хрватска“, се вели на Фејсбук профилот на претседателката.




