Тренерите на репрезенатциите за кадети, јуниори и јуниори до 21 година, во борби и кати, направија пресек на Државното првенство и Изборното првенство за овие категории на репрезентативци кои треба да ги бранат боите на Македонија на Европското првенство во Цирих, Швајцарија, од 6 до 8 февруари 2015 година.
Државното првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година и плеј-оф првенството се одржаа овие два викенда, и, како тренер на јуниорите до 21 година, можам да кажам дека веќе ги имаме најдобрите натпреварувачи, вели тренерот на репрезентацијата до 21 година за борби, Арлинд Хусеини, и доде дека на двата натпревари е покажано високо ниво на квалитет.
„Во секоја категорија имаме по четири спортисти/каратисти, што е критериум за учетсво на балканското првенство. Плејофот беше можност да се види кој е поквалитетен, бидејќи се бори секој со секого во неговата категорија. Факт е дека имаме квалитет, но тоа мора да се покаже на Блаканското првенство во Софија од 12 до 14 декември, а потоа ќе се соберат поените и најдобриот ќе оди на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Цирих, Швајцарија, во февруари“, истакнува Хусеини.
Тој нагласува дека мора да биде реален и да каже дека видел квалитет, особено во машкиот дел од репрезентацијата, но, за жал, во женските категории имало мал број на натпреварувачи, дури по една во категорија.
„Јас сметам дека и овој пат ќе освоиме медали и на Балканското и на Европското првенство, бидејќи кавлитет не ни недостасува“, тврди тренерот на репрезенатцијата до 21 година Хусеини.
Исто така и тернерот на репрезентациите за кати, Златко Димоски, е убеден дека нашите каратисти ќе се вратат со медал од ЕП во Цирих.
„Македонија во кати може да направи резултат, односно ката тимот може да биде меѓу првите пет репрезентација. Овој пат одиме медал, бидејќи ги познаваме квалитетите на другите репрезентации во Европа“, уверен е Димоски.
Ова свое тврдење го поткрепува со фактот што нашиот ката тим 3-4 години е најдобар на Балканот, а на неодамна завршеното Светско првенство во Германија во сениорска конкуренција се претставија во одлично светло, стигнувајќи до третото коло. Потоа Маријана и Мишела Димоски се трето и четврто рангирани на светската ранг листа во кати, а треба да се имат во предвид нивните последователни успеси на балканските и европските првенства. Од друга страна, во машка конкуренција може да очекуваме резултат од Фери Исиќ.
Во делот на Државното првенство во спортска борба за кадетските и јуниорските категории, некои категории беа пополнети со мал одзив. Кај 4 од нив, 2 машки и две женски, беа со по 4 до 5 натпреварувачи, додека другите беа со по 12 до 17 натпреварувачи. Натпреварувањето помина во најдобар ред, без никакви забелешки. Од бергеровиот систем или изборното првенство, исто така сум задоволен, но со доза на резерва за одредени категории, кај кои дел од натпреварувачите не се појавија на татамите во салата.
За категориите кај што имаше помал број, Кузмановски квалитетот го доведува во прашање, а за другите вели дека има избор на репрезентативци кои ветуваат многу. „Лично, прв тест ќе ми биде Балканското првенство во Софија, на кое учествуваат сите освојувачи на 1 ,2 и двете 3т-и места од домашното првенство, при што ке имаат можност да ја заверат визата за Европското првенство во Швајцарија“, смета тренерот на репрезентацијата за кадети и јуниори.
Кузмановски посочува дека се предвидени два циклуса на викенд подготовки и мерења на физичката подготвеност со ФФК и додатни мерења во делот на моторички способности на карате двизења.
Според Кузмановски, од оваа генерација треба да почне новиот циклус на создавање на костурот на сениорската селекција. За резултати во овој момент е рано да се размисллува оти за некои од нив ова ќе биде прво европско првенство.
„По балканското ќе можам да кажам и некои имиња од кои може да се надеваме за евентуален пласман за медал. Минимум ни е потребна една година во континуитет, па тогаш да зборуваме за сериозен резултат, кој, како што кажав, можеби полесно би го направиле, ама за мене е битно да се потврди“, смета Кузмановски.