Пресметката за првак во лесна категорија во полна сала. Влезниците за УФЦ 262 распродадени за неколку минути

И како што можеше да се очекува, вториот настан од најсилната ММА организација беше распродаден за многу кратко време. Имено, билетите за настанот УФЦ 262 што ќе се одржи на 15 мај во Хјустон експлодираа за само неколку минути. Сите 17 000 места во Тојота центарот ќе бидат пополнети. Шефот на УФЦ, Дана Вајт, ги сподели тие информации со фановите преку социјалните мрежи.

Главната борба на УФЦ 262 ќе биде пресметката за шампион во лесна категорија меѓу Чарлс Оливеира (30-8, 1НЦ) и Мајкл Чендлер (22-5).

Раководството на најсилната ММА организација го заврши целиот настан за многу кратко време, во кој вклучија повеќе фантастични борби.

Нејт Дијаз (20-12) и Леон Едвардс (18-3, 1НЦ) треба да се борат во коглавната борба, најверојатно во пет рунди.

И во очи на нивните борби Тони Фергусон (25-5) ќе се пресмета со Бенеил Дариуш (20-4-1), а средбите меѓу Џек Хермансон (21-6) и Едмен Шахбазијан (11-1), како и Шејн Бургос (13-2) против Едсон Барбоса (21-9) се најавени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON