Пресметка на двократните олимписки шампиони: Ломаченко против Ригондо

Уште еден голем меч ќе се одржи во оваа сјајна година за боксот.

Договорено е да се борат двократните олимписки победници Васила Ломаченко и Гилермо Ригондо.

29-годишниот Ломаченко (9-1, 7 КО) на 9 декември во Медисон сквер гарден во Њујорк против Ригондо (17-0-1 НЦ, 11 КО) по трети пат ќе ја брани титулата на ВБО во суперлесна категорија.

36-годишниот Кубанец за оваа борба се подига за две категории. Тој е актуелен шампион на ВБА до 55 килограми (супербантам).

Во последната битка во јуни во првата рунда го нокаутира Мојсес Флорес, но средбата дополнително беше поништена поради грешка на судијата.

Во август Украинецот со прекин го победи Колумбиецот Мигуел Маријага.

Ломаченко титула олимписки победник ја освојуваше во 2008 и 2012 година, а Ригондо во 2000 и 2004 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО