Прес-конфренцијата на Алварес и Плент заврши со тупаници и повреда кај едниот боксер (ВИДЕО)

Боксерите вообичаено се агресивни на прес-конференциите во пресрет на нивното соочување во рингот, но Канело Алварес и Кејлеб Плент отидоа чекор понатаму.

Вчера додека бил најавуван дуелот кој треба да се одржи во Лас Вегас, двајцата боксери почнале да се навредуваат, за да дојде и до близок контакт меѓу нив.

Плент му порачал на Канело дека ќе биде нов светски шампион во средна категорија, а навредите од двете страни кулминираа со удари од двете страни и повреда на лицето на Плент.

Соочувањето во рингот е закажано за 6 ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON