Премиерот на Ирска: Не сакам да ме поврзуваат со Мек Грегор и неговите незаконски работи

Лео Варадкар, премиерот на Република Ирска, не сака да го поврзуваат со ѕвездата на УФЦ, Конор Мек Грегор.

Тие беа на парада на Денот на Свети Патрик во Чикаго. Многу луѓе забележаа како Варадкар бегаше и се обидуваше да стои подалеку од Конор Мек Грегор. Неодамна во интервју Варадкар изјави дека не сака да биде поврзан со ѕвездата на УФЦ и неговите нелегални активности.

„Мило ми е што успеав да се вклучам во парадата по повод Денот на Свети Патрик во Чикаго. Не бев блиску до Конор Мек Грегор и мислам дека тој беше таму за да си прави реклама на своето виски. Бев таму на парадата на покана на организаторите.

Мек Грегор беше таму на покана на Сојузот на водопрводниците. Очигледно е дека во последните месеци има некакви проблеми со законот и јас не би сакал да бидам поврзан со активностите во кои е вмешан, вклучувајќи го гонењетово Њујорк и потенцијалната казна во Флорида“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО