Премиерата на филмот за Роберто Дуран е на 26 август (ВИДЕО)

Roberto Duran film

Играниот филмов за Роберто Дуран, кој го носи името на неговиот прекар – Камените раце, во американските кина ќе се прикажува од 26 август.

Филмот го следи животот на легендарниот боксер, кој тргнува од запуштените места на Панама, за да стане една од најголемите ѕвезди на своето време.

Едгар Рамирез се појавува во улогата на боксер, а неговиот тренер Реј Арсен го игра Роберт де Ниро.

Во својата кариера Дуран имаше 119 меча, при што 103 извојувал победа. Тој е единствениот боксер кој имал борби во пет децении – од крајот на 60-тите до почетокот на новиот милениум. Панамецот ги закачи ракавиците на клин на 50-годишна возраст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО