Континуираното зголемување на учесници на сите настани на Премиер лигата во 2017 година, како и големо влијание на генералното рангирање на ВКФ, со ТВ продукцијата, направија неопходност од воведување на серија на иновации за следното издание на Карате 1 Премиер лигата во 2018 година.
Овие иновации влијаат на бројот на основните аспекти кои ги зголемуваат атрактивноста и интерес за подобрено следење, а се засновани на следното: (1) регистрација, (2) жребување, (3) котизација, (4) награди и (5) имиџот.
Значително зголемување на бројот на регистрации во сите натпреварувачки категории ја наметнува потребата за регулирање на бројот на учесници во секоја категорија, за да се хомогенизираат турнирите и нивните програми.
Идентитетот на Премиер лигата како отворно натпреварување мора да биде зачуван, каде што сите спортисти можат да се регистрираат поединечно. Меѓутоа, поради високото влијание во генералниот пласман и во процесот на квалификациите за Олимписките игри, приоритетен пристап треба да и се даде на националните федерации, овозможувајќи им да регистрираат најмалку еден натпреварувач. Приоритет ќе биде регистрацијата на еден спортист по категорија преку националната федерација.
Притоа основни насоки ќе бидат: (1) учество по категорија е ограничено на 64 натпреварувачи, (2) приоритет за регистрација се 50-те први места во генералниот пласман на ВКФ по категории и (3) ограничување по двајца спортисти од држава.
Со оваа цел се утврдуваат четири фази во периодот на регистрација (2 месеци):
Во првата фаза, се ограничува на националните федерации (првите 15 дена), еден натпреварувач по категорија нужно рангиран меѓу првите 50 на ВКФ Генералната ранг листа.
Во втората фаза, бесплатна регистрација (по 15 дена), ограничена на првите 50 натпреварувачи во Генералната ранг листа, со два натпреварувачи максимално по држава и категорија.
Третата фаза, бесплатна регистрација (по 15 дена), не е ограничена само на првите 50 натпреварувачи од Генералното рангирање, но е ограничена на максимално двајца натпреварувачи по држава и категорија.
Четврта фаза, бесплатна регистрација (последните 15 дена), без ограничување освен бројот на 64 спортисти по категорија. Тоа значи дека празните места во секоја категорија може да се пополнат без оглед на тоа на местото во генералниот пласман, или бројот на натпреварувачи по држава.
Котизациите во 2018 година за поединечните категории ќе бидат 75 евра, а за екипните категории 150.
Што се однесува до наградите, тие за поединечните категории ќе бидат со следните износи: 750 евра (1 место), 500 (2 место) и 200 (3-то место), а за екипните категории 750 евра (1 место), 500 (2 Место) и 200 (3-то место).
Ipon.mk