Премиер лига: Нашите каратисти максимум со една победа во Лајпциг

Македонските каратисти денеска не беа многу успешни во есенското коло од Карате 1 Премиер лигата во Лајпциг, Германија, во многу голема конкуренција. Можеби Димитар Илиевски (67 кг) покажа најмногу, затоа што првата борба ја доби, а втората ја загуби при нерешен резултат 3-3. Најверојатно противникот прв освоил поен во борбата, па затоа му припаднала победата на него.

Поранешниот европски шампион, Емил Павлов (60 кг), го помина првото коло, а во второто беше минимално поразен. Во категоријата до 67 кг Давид Петков исто така е совладан во првото коло, како и Пуликсенија Јованоска во кати. Во оваа категорија се очекува да настапи и Ненад Ќелебиќ. Покрај тоа, во женска конкуренција во категоријата до 55 кг се уште не се почнати борбите.

Утре и во недела се преостанатите борби.

Најмногу учесници има во ката мажи 183 натпреварувачи, а кај жените во кати се 124, кај ката тимовите има 9 екипи во машка конкуренција и 4 во женска. Во борби најбројна е категоријата до 67 килограми со 164 каратеки – мажи, потоа следат и другите машки категории: -75 кг – 158 учесници, – 84 кг – 139, + 84 кг – 103 и – 60 кг – 100. Кај жените: -61 кг – 98 натпреварувачки, -55 – 102, -68 – 77, +68 – 69 и -50 кг -64.

Големиот борј на учесници е поради наметнатите правила од страна на Светската карате федерација (ВКФ) од 1 јануари 2018 година да го ограничи борјот на учесници во категорите, по 64 натпреварувачи во секоја категорија, односно по еден од држава. Изборот ќе се прави од Ранг листата на ВКФ, при што првите 50 имаат предност. За нашите каратисти е битно тоа што Карате федерацијата на Македонија (КФМ) на каратистите што се меѓу првите 50 на Ранг листата целосно ќе им ги покрива трошоците за натпреварите и подоготовките.

Од друга страна, од идната година почнуваат квалификациите за Олимписките игри во Токио 2020 година, кога каратето за прв пат ќе дебитира на Олимпијадите. Поради овие причини, Премиер лигата до крајот на годината ќе има максимална посетеност и ќе го надминува квалитетот и на светските првенства. Кој ќе избори подобра позиција, ќе има поголеми шанси за Олимпијадата во Јапонија. По Лјапциг следуваат Истанбул (23 и 24 септември), Ротердам (7 и 8 октомври) и Окинава (25 и 26 ноември).

Резултати:

60 кг Емил Павлов – Штип – Елефтериос Даварис (грција) 2-0
Емил Павлов – Хван Ли Жи (Кореа) 0-1
Финале Евгени Плахутин (Русија) – Даглас Бросе (Бразил)

67 кгДимитар Илиевски Ботони – Кристијав Вевер (Гватемала) 5-0
Димитар Илиевски – Томас Касерер (Австрија) 3-3 – победа на Австриецот
Ненад Ќелебиќ – Цветан Димов – Карлос Валбуена (Шпанија) во тек
Давид Петков Металург – Брајан Ремруп (САД) 0-1  

Кати
Пуликсенија Јованоска Ронин – Патриција Еспартеиро (Португалија) 2-3

55 кг Симона Заборска и Моника Пендароска – МакпетролСара Крстевска – Металург, Јована Георгиева – Олимпик спорт – борбите се во тек

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON