Првиот натпреварувачки ден на Карате 1 Премиер лигата во Ротердам, Холандија, помина катастрофално за македонските каратисти, бидејќи од осмината кои нстапија забележаа само две победи и тоа Пуликсенија Јованоска во кати и Ненад Келебиќ во борби, односно освоија 9 поени а изгубија 18 и 1 судиско изјаснување на наша шета. И поранешниот европски првак и носител и на борнзен медал од ЕП, Емил Павлов, беше поразен во првиот настап, како и ученсикот на младинското ЕП во Софија Димитар Илиевски.
Иако првобитно беа пријавени за учество на Премиер лигата женскиот тим, но и во поединечна конкуренција, сестрите Марија и Мишела Димокси, заедно Пуликсенија Јованоска во екипна конкуренција, на жребувањето не се појавија.
На овој турнир настапуваат 1257 натпреварувачи, според пријавите, 73 држави. Најборојни се Италијанците со 115 натпреварувачи, па Французите со 105, а Македонија ќе настапи со 30-тина каратисти во поединечна конкуренција во борби и кати.
Резултати
Кати Пуликсенија Јованоска – Драгана Броциловиќ – Италија 5-0
Пуликсенија Јованоска – Јсмин Блојл – Германија 2-3
60 кг
Емил Павлов – Штип – Давид Фернандес – Португалија 0-1
Горан Николовски – Металург – Мохамед Таоуси – Мароко 0-2
67 кг
Димитар Илиевски – Ботони – Боран Берак – Хрватска 0-2
Ненад Ќелебиќ – Цветан Димов (2.коло) – Синиша Броциловиќ – Италија 2-1
Ненад Ќелебиќ – Цветан Димов – Дијонсиос Ксенос – Грција 0-3
Шабан Муртиши – Дрини – Денис Копитко – Украина 0-4
Ико Ташов – Металург – Дидар Амирали – Казахстан 0-5
50 кг
Фатјона Алиу – Дрини – Магдалена Новаковска –Полска 0-0, победи Новаковска
Ipon.mk/В.Д.