Кати Дува, менаџер на 32-годишниот шампион во полутешка категорија во верзиите ВБА, ВБО и ИБФ, Сергеј Ковалев, рече дека преговорите со шампионот во супер средна категорија на ВБА, Андре Ворд се доста успешни.
„Пред неколку дена разговарав со претставниците на Ворд од Roc Nation. Можам да соопштам дека и двете страни се заинтересирани за спроведување на таква борба и мислам дека милиони фанови низ светот ќе можат да ја видат“.
Ковалев на 25 јули има меч во Лас Вегас, каде што ќе ја брани титулата против Французинот Најиб Мохамеди (30).