Головкин: Моите противници постојано си наоѓаат опрвадување, за да не се борат со мене!

gennady-golovkin

Светскиот шампион во средна категорија на ВБО, ВБЦ и ИБО, Генади Головкин (33) од Казакстан, се пожали дека нема против кого да се бори, бидејќи сите негови противници си наоѓале изговори, за да го избегнат дуелот. 

„Подготвен сум да се борам против сите противници во мојата категорија. Дури и против оние кои се тешки или лесни за мене. Флојд Мејведер и Карл Фроч би биле добри опции за средба. Како на пример и Андре Ворд. Тој три пати ја одбива средбата со мене. Тој знае што ќе се случи и постојано си наоѓа оправдувања. Дури и за време на Олимпијадата во 2004 година ја смени категоријата, за да не се сретне со мене“.

Следниот меч на Головкин е планиран за есента во САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО