Пред почетокот на Светското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Тенерифе, Шпанија, од 25 до 29 октомври, кај нашите картисти владее оптимистичка атмосфера и сите ветуваат дека ќе го дадат максимумот за што подобар пласман и освојување на медали. Во нашата репрезентација имаме капацитет за освојување на медали, бидејќи неколкумина од нив се носители на европски и светски медали.
Да посетиме дека ката тимот во состав Маријана и Мишела Димоски и Киријана Камческа го освоија сребрениот медал на Светското првенство во Џакарта, Индонезија. Сега Маријана и Киријана ќе се натпреваруваат во поединечна конкуренција, бидејќи сестрите близначки живеат во Австралија и немаат можност да тренираат со Камческа. Но можат да се направат напори и во Австралија да се состави квалитетен ката тим со Ана Николоска која веќе демонстрираше своите квалитети.
„Конкуренцијата ќе биде многу тешка. Нормално, Светско првенство е, настапува најдобриот од секоја држава. Веќе долго се подготвувам за ова Светско првенство и настапував на Светскиот куп во Умаг каде што освоив бронзениот медал. Заедно со Мишела и Киријана се уште сме актуелни светски вицешампиони со сребрениот медал од Џакарта во 2015 година. Но, оваа година настапуваме само индивидуално и сме добро подготвени, се надеваме на добар резултат во Тенерифе“, вели Маријана Димоска.
„По подготвителниот период, кој трае веќе цел месец, се чувствувам физички и психички подготвен за предизвикот кој ми претстои во Тенерифе. Овој подготвителен период го започнав најпрво во Маврово каде што со мојот матичен клуб имавме висински припреми, а потоа во Дојран заедно со репрезентацијата ја дефинираме нашата физичка спремност и кондиција. Како и секој од спортистите пред вакво големо натпреварување, како што е Светското првенство во Тенерифе, секкао очекувам да се закитам со уште едно големо одличје кое ќе биде сатисфакција за комплетното мое ангажирање сиве овие месеци, вклучувајќи ја и Премиер лигата, каде што се натпреварував со врвните спортски имиња од карате спортот“, потенцира носителот на борнзениот медал од Европското првенство во Софија, Бугарија, Петар Заборски!
Светското првенство преставува голем чекор и усте едно искуство во мојата кариера, истакнува трикрататната освојувачка на медлаи од европските првенства Моника Пендароска, додавајќи дека неодамна завшиле финалните подготовки, кои се последна проверка за нивната форма.
„Вежбамве напорно и го дадовме својот максимум. Преостанува само да ветам дека ќе се борам до крај за нашата татковина“, категорична е Пендароска.
Петар Спасеновски, кратко и јасно, со многу самодоверба: „Не очекувам ништо, сигурен сум дека ќе освојам медал“.
И клуспкиот другар на Петар, Давид Петков, не троши многу зборови, истакнувајќи дека очекува добри борби и дека ќе даде се од себе за да стигне далеку.
„Очекувам добар настап. Се чуствувам подготвен. Иако ќе биде тешко, ќе го дадам максимумот во секој меч со цел да освојам што повисок пласман“, истакнува Димитар Илиевски.
Европската шампионка Вероника Костовска од оваа сезона се натпреваруваше и во Карате 1 Премиер лигата со цел што подобро да се подоготви за СП.
„Се подготвував долго и напорно, како со мојот клуб и тренер Елвир Куртановиќ, така и на завршните подготовки со репрезентацијата. Се борев и на турнирите на Премиер лигата во Лајпциг, Истанбул и Салзбург, каде што прикажав добри борби и ги исправив грешките што ги забележавме со мојот тренер. Ја осетив атмосферата и собрав одредено искуство. Со оглед на тоа, пред се, очекувам да го дадам максимумот на татамите и да го спроведам тоа што сум го вежбала. Не би сакала да ветам ништо конкретно, освен мојот максимум за себе, клубот и државата. Се надевам резултатот ќе дојде сам по себе“, потенцира Костовска.
Ангела Мојсовска која е во подем вели дека за Светското првенство одржи во Шпанија долго време се подготвувала.
„Имавме многу контролни натпревари, подготовки на кои трениравме напорно и вложивме голем труд и напор. Затоа очекувам дека сето тоа ќе се исплати и дека ќе имаме добар настап, притоа ќе го дадам својот максимум. Да дадам се од себе, тоа е она што најдобро го знам и умеам, а иднината ќе го покаже резултатот“, категорична е Мојсовска.
Александар Неделковски во кати очекува да се претстави во најдобро светло и да го даде својот максимум, а резултатот вели сам по себе ќе си дојде.
„Очекувам да дадам максимум, да изработам најдобро што можам и да се претставам и себе и Македонија во најдобро светло“, вели дебитантот Владанка Аврамова.
СП 2015 Џакарта
Македонскиот ката тим во финалето беше поразен од Франција 1-4.
На патот до финалето македонскиот јуниорски ката тим стигна со победите над силната репрезентација на Шпанија со 3-2, потоа со 5-0 против Иран, а во полуфиналето ја победија фаворизираната екипа на Германија со 3-2.
Репрезентација на Македонија за СП 2017:
Кадети борби
-47 кг Марија Милева – 45 натпреварувачи
-52 кг Дритон Халими – 55
-57 кг Марио Свинарски – 59
-63 кг Христијан Стојановски – 51
-70 кг Иво Мишачковски – 46
Јуниори борби
-53 кг Драгана Манговска – 48
-59 кг Вјолца Гафури – 58
+59 кг Симона Симовска – 45
-55 кг Столе Смилковски – 57
-61 кг Фаик Весели – 60
-68 кг Роберто Ацковски – 68
-76 кг Филип Несторовски – 69
+76 кг Вегим Мурати – 48
У-21 борби
-55 кг Моника Пендаровска – 45
-61 кг Вероника Костовска – 49
-68 кг Ангела Мојсовска – 42
-60 кг Давид Петков – 55
-67 кг Димитар Илиевски – 65
-75 кг Петар Заборски – 69
-84 кг Петар Спасеновски – 56
+84 кг Семир Ќосовиќ – 38
Кати кадети
Владанка Аврамова – 39 натпреварувачи
Александар Неделковски – 46
Кати јуниори
Киријана Камческа – 43
Кати У-21
Маријана Димоска – 42
Кадетско-јуниорски ката тимови
Миа Маневска, Владанка Аврамова, Ивона Мустаровска -18
Георги Банковски, Јован Васиќ, Христијан Димитриевски – 21
Ipon.mk/В.Д.
Фото:ФБ.