Пред една година на ЕП: Халил Зубаиров освои медал за Македонија по седум посни години

Халил Зубаиров-бронзен медал
Халил Зубаиров-бронзен медал

Халил Зубаиров пред една година го освои првиот медал по 2007 година од големите натпреварувања за младинци и сениори на европските и светски првенства за Македонија. Зубаиров на Европското првенствоо до 23 години во Валбрежич, Полска, го освои бронзениот медал, кој во борбата за тертото место го совлада Даниел Рама од Шпанија со 7-1.

Zubairov so site na tron

Тој мудро ја водеше борбата и недозволи изненадување како во четвртфиналето, кога беше поразен од финалистот Александар Хуштин од Белорусија со 8-6, иако водеше со 6-0, 6-4.

Тогаш Зубаиров стартуваше одлично и во првиот меч го совлада Бугаринот Медевед Гази со 11-1, односно технички туш.  Во 3-то коло се сретна со Аркаја Илија од Украина и го совлада супериорно со 12-4, со што обезбеди борба за 3-то место.

Precek na Zubairov prea aerdrom sprotivno2015-03-31

Борачот на Вардар минатата година во октомври беше застрелан во престрелка што се случила во неговиот роден град Махачкала, Русија. Тој беше тешко ранет, а покрај него во престрелката беа полесно ранети неговиот татко Алибег Зубаиров и братот Магомед. Со нестрплени се чека неговото враќање на душекот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО