Пред 35 години Шабан Трстена дебитираше на СП во Едмонтон со бронзен медал

Победи против Клаудио Поли – Италија и Мохамед Базмавар – Иран, СП – Едмонтон 1982 година

На денешене ден (12 август) пред 35 години 1982 година одржа Светско првенство во борење во Едмонтон, Канада, на кое за прв пат се појави Шабан Трстена со само 17 години во категоријата до 48 килограми, кое ќе остави голема трага во неговата кариера и по кое го запамети светот на борењето. Тогаш Трстена го освои брозениот медал, а за да се бори во категоријата до 48 килограми симнал 7 килограми.

Борба со Мохамед Базмавар – Иран, СП – Едмонтон 1982 година

Противници му беа најдобрите европски и светски борачи. Иако најмлад, тој успешно се соочи со најголемите противници на неговата категорија, за што тој ќе рече: „Кога пред себе имате големи борачи, очекувањата се мали и проблем е да се размислува за успех. Овој Шампионат беше поразличен од Европското првенство, со оглед на тоа што имаше борачи од целиот свет, меѓу кои имаше и олимписки, светски и европски шампиони. Размислував за тоа какви ми се шансите да се справам со овие борачи и единственото нешто што мислев е да изгубам, но како маж, не ми паѓа на памет да легнам грб ( да бидам туширан) или да бидам поразен со голема разлика. Во првата порба се сретнав со светскиот шампион Сергеј Корнилаев од Русија, а борбата беше многу изедначена и можеше да се каже дека тоа беше битка „заб за заб“”. Во оваа борба се до последниот момент не се знаеше кој е победник, но со помош на судијата, Русинот победи со многу тесен резулта 2-1“.

Борба со Сан Габ До – Кореа, СП – Едмонтон 1982 година

Поразот остави длабоки траги во меморијата на шампионот, без разлика што беше поразен, тој е човек кој така лесно не се предава, никогаш не губи, а победникот никогаш не се предава. Но, по овој пораз, останува запишано во светската историја на борење дека не постои така голем спортист, како Трстена, кој се соочил со најголемите боречки шампиони во светот и ги победил. Тоа е 1982 година, кога голобрадото 17-годишно момче го почна шампионскиот пат и го запозна целиот свет.
Во следната борба Трстена го победува еден од најголемите борачи во тоа време, Унгарецот Ласло Биро, кој во таа година беше европски шампион.
Шабан се соочуваше со елиминација ако изгубеше од Унгарецот, но тогаш го покажа раскошниот талент и го шокираше светот, бидејќи во првата рунда Ласло водеше 8-2, а на крајот борбата заврши 18-10 во корист на нашиот шампион. Со оваа голема победа остана во игра на СП. Но ништо не е лесно, па така во третото коло среќава со олимпискиот шампион од 1980 година во Москва, Италијанецот Клаудио Полио, кој го потцени нашиот борач. Потоа слатко се смееше идниот олимписки шампион, совладувајќи го убедливо Полио со 9-3.
Во четвртото коло наиде круг со следниот противник, добро познат и многу моќен, Сон Габ До од Кораа, вицешампион од 1981 година на Светското првенство во Скопје. Во отворена борба Трстена победувасо 3-0.
Во решавачката борба извојува импресивна победа над големиот Мохамед Базмавар од Иран, кого Трстена го победува со 5-0 и туш.

Шабан Трстена на пиедестал, СП – Едмонтон 1982 година

„За жал, по враќањето, ниту еднаш оттогаш раководните луѓе на борењето немаа пречек за 17-годишно момче кое се врати со бронза од Светското првенство, а што беше голем резултат за државата. Наместо да го охрабрат ова момчето и да му дадат волја и инспирација за идните успеси. Сепак, неговиот револт нема влијание врз младите луѓе да престанат да се бават со борење, ниту да го реализира својот сон да биде вистински шампион. Историјата на светските шампионати започнува во 1951 година, додека од 1982 кога Трстена го постигна овој голем успех, до денес поминаа цели 35 години и Федерацијата за боречки спортови на Македонија, заедно со клубовите и некои кои се нарекуваат експерти, се уште не ги нашле модалитетите за тоа како да стигнат до некој поголем успех. За медали од европски или светски шампионати и да не зборуваме“, пишува на ФБ страницата на Трстена.

Шабан Трстена, покрај титулата спортист на Југославија во 1984 година, шест пати беше прогласуван за најдобар спортист во Македонија. Тој ги освои гласовите на новинарите во 1982, 1983, 1984, 1986, 1988 и во 1990 година, а трипати заврши на второто место на ранг-листата на најдобрите спортисти во Македонија.

715 победи во кариерата

Во богатата 20-годишна боречка кариера Шабан Трстена имаше 741 борба на сите меридијани во светот. Во тие мечеви има 715 победи, што претставува рекорден скор кај борачите во слободен стил. Своите настапи ги почна во најлесната категорија до 48 килограми, за најголемиот број медали да ги освои во категоријата до 52 килограми. Интересно е дека настапуваше и во категоријата до 57 килограми, и тоа на Медитеранските игри во Казабланка и во Латакија, а на последниот настап на МИ во Атина во 1991 година се бореше и триумфира во категоријата до 62 килограми.

ШАБАН ТРСТЕНА

Роден: 1965 година во Скопје
Кариера: БК Лирија, БК Вардар, репрезентација на Југославија и на Македонија
Успеси: Златен и сребрен медал и петто место од олимпијадите, едно трето место на светските првенства, две први, три втори и две трети места на европските првенства, три златни медали од медитеранските игри и од балканијадите и многу победи на меѓународните турнири (30 златни медали). Спортист на векот во Македонија и најдобар спортист во 1984 година во поранешна Југославија.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО