Пречекан носителот на бронзениот медал од ЕП!

Precek na Zubairov pred aerodrom2015-03-31

Освојувачот на бронзениот медал од Европското првенство за младинци до 23 години од Полска, Халил Зубаиров, денска свечено беше пречекан на аеродромот „Алексанадар Велики“ од страна на претседателот на Федерацијата за боречки спортови на Македониоја (ФБСМ), Чедо Николовски, секретарот Љупчо Лазаревски, селекторот на младинската селекција до 23 години Тони Танчев, како и раководството на БК Вардар и негови навивачи.

Precek na Zubairov 2015-03-31

Експедицијата ја предводеше шефот на стручниот штаб  на Вардар, Љубиша Пешко, во чија придружба беше и искусниот тренер Гајдар Гајдаров и нашиот репрезентативец во грчко-римски стил Тимур Хамикоев.

-Добро се чувстувам по освојувањето на медалот. А, во Македонија сум како дома, – ни изјави носителот на бронзениот медал Халил Зубаиров.

Precek na Zubairov prea aerdrom sprotivno2015-03-31

Тој жали што не го освоил златниот медал.

-Објективно, имав  пауза која остави трага на мојата форма и кондиција, која многу ми недостигаше за златниот медал. На ова влијаеше и самата ситуација околу патувањето на Европското првенство, – рече Зубаиров.

Многу се очекуваше и од Тимур Хамикоев, убедувањата се дека во првото коло се сретнаа двајцата најсилни противници Качидзе од Грузија, кои максимално се потрошија и не оставрија добар резултат.

Precek na Zubairov-vardarci2015-03-31

-Конкуренцијата беше претешка. Влијаеше  и пуаза што ја направивме, која се одрази на кондицијата, -смета Хамикоев.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON