Извршниот одбор на Карате федерацијата на РС Македонија на ден 20 јули донесе одлука за стапување на сила на новиот Правилник за избор и работа на селекторите на државна репрезентација на КФРСМ; Правилникот за избор и работа на државните репрезентативни селекции на РС Македонија во карате спортот на КФРСМ и Кодекс – правила на однесување на репрезентативците и официјалните лица на КФРСМ. Ова предизвика многу реакции кај клубовите и тренерите.
Прв реагираше поранешниот селектор и тренер на КК Штип, Сашко Арсовски, во чиј клуб е најдобриот македонски каратист Емил Павлов, но и нови надежни каратисти кои веќе се закитија со вредни одличја од меѓународната сцена.
Арсовски побара повлекување на Правилникот.
„Резултатот на вака погрешно поставени работи се во негативната селекција која ја опишав во мое обраќање до средствата за информирање. Дека бев потполно во право го потврдува фактот на последната одлука на ИО на КФРСМ со Правилникот за избор и работа на државните репрезетативни селекции на РС Македонија во карате спортот на КРСМ, кој во спрема содржината теба да се наслови како Неправилник за неизбор , неработа и нефинансирање на репрезетативните селекции. Да образложам, ова е Правилник кој нема правила и критериумите се е сведено на желбата на селекторот и изборот нема мериторен систем како би знаеле точно како се стекнува статус репрензетативец , а финансирањето е во зависност од расположиви средства што во пракса значи на товар на клубовите.
Би сакал да ве потсетам, а на оние кои не знаат да ги информирам дека претходниот Правилник за избор и финансирање беше многу подобра верзија на правилник кој имаше свои недостатоци на кој навремено беше укажано, но без желба и иницијатива не се презеде ништо, па така, на крајот имавме два изборни турнира со краен резултат во 4 (четири) категории имаше ист број на бодови па со одлучување во корист на едни а на штета на други натпреварувачи .
КК Штип имаше таков случај кој на крајот заврши на штета на нашиот натпреварувач се разбира, нели.
Нашите лоши искуства со раководните структури на КФРСМ и покрај врвните спортски резултати кој ги постигаат нашите натпреварувачи ни даваат за право да бидеме загрижени за последната Одлука на ИО на КФРСМ каде се усвојува еден од најбитните правилници од кој понатаму зависи цеокупната активност на клубовите (изборот на репрензетативци, ваучери, стипендирање, награди, признанија ……… )“, напиша во своето обраќање до Карате федерцијата и до сите клубови Сашко Арсовски.
Ова се Пралиниците http://kfm.com.mk/content/view/Ostanati-dokumenti-pravilnici-i-zakoni
Покрај реакцијата на Арсовски и КК Штип, на ова реагираат и други клубови.